домино
Значење на домино:
1. (само едн.) Вид игра со правоаголни плочки кои на едната страна се обележани со различен број точки.
2. Карневалска пелерина со качулка. Беше облечен во домино.
3. Лице што носи таква облека. По нив минуваа разни маски, домина и комедијанти.
Множина: домина.
Оригинални податоци:
домино, мн. домина ср. 1. (само едн.) Вид игра со правоаголни плочки кои на едната страна се обележани со различен број точки. 2. Карневалска пелерина со качулка. Беше облечен во домино. 3. Лице што носи таква облека. По нив минуваа разни маски, домина и комедијанти.