донекаде
Значење на донекаде:
1. До некое, до определено место. Патот барем донекаде му беше познат. Патуваат ноќе, донекаде по патот, а после над селата. Донекаде одев пеш на работа.
2. До определен степен, до определена мера. Јас, донекаде, му се израдував. Студеното, донекаде сурово лице, не ѝ се измени.
Оригинални податоци:
донекаде прил. 1. До некое, до определено место. Патот барем донекаде му беше познат. Патуваат ноќе, донекаде по патот, а после над селата. Донекаде одев пеш на работа. 2. До определен степен, до определена мера. Јас, донекаде, му се израдував. Студеното, донекаде сурово лице, не ѝ се измени.