донесе 1
Значење на донесе:
1. Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде. Донеси вода во ѓумовите. Му донела нешто за јадење. Бротчето донесе патници. Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата.
2. Доведе некого од некаде до определено место. Зборувате како да ве донеле од улица. Го донесе коњот до коритото на чешмата. Тука патот ме донесе.
3. (разг.) Назначи некого на некое работно место, на некоја функција. Стариот учител го отстранија, нов донесоа.
4. Даде некаква материјална корист некому (приход, добивка) или доведе до некакво признание (награда, победа и сл.). Лозјето му донесе добар приход. Романот му ја донесе првата награда на конкурсот.
5. Предизвика нешто, стане причина за нешто. Тој беше човек што може да донесе грижи. Таа со себе донесе немир.
6. Објави, усвои нешто (закон, пропис, заклучок и др.). Донесе одлука. Донесе пресуда. Донесе заклучок.
7. Соопшти, пренесе глас, вест од некаде. Весниците ги донесоа првите резултати од изборите.
8. (прен.) Дојде, се случи нешто во текот на времето. Ноќта донесе рафали. Тоа лето го донесе почетокот на војната. Утрото донесе многу ладен воздух.
Коњугација: донел и донесол , донесат , донесен, донесете , донеси , донесле , донесоа , донесов , (ќе) донесеа , (ќе) донесев , (ќе) донесел .
Изведени зборови:
- донесува, глаг. несв. донесуваат
- донесување, глаг. им. ср.
- донесувач, и. м. в. донесе 1.
Фразеолошки израз / поговорка:
Донесе срам – засрами, усрами некого. Донесе на свет – роди дете, се породи. Господ (го) донесе – дојде на време, токму тогаш кога треба.
Оригинални податоци:
донесе1, донесат; донеси, донесете; донесов, донесоа; донел и донесол, донесле; (ќе) донесев, (ќе) донесеа; (ќе) донесел; донесен св. 1. Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде. Донеси вода во ѓумовите. Му донела нешто за јадење. Бротчето донесе патници. Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата. 2. Доведе некого од некаде до определено место. Зборувате како да ве донеле од улица. Го донесе коњот до коритото на чешмата. Тука патот ме донесе. 3. (разг.) Назначи некого на некое работно место, на некоја функција. Стариот учител го отстранија, нов донесоа. 4. Даде некаква материјална корист некому (приход, добивка) или доведе до некакво признание (награда, победа и сл.). Лозјето му донесе добар приход. Романот му ја донесе првата награда на конкурсот. 5. Предизвика нешто, стане причина за нешто. Тој беше човек што може да донесе грижи. Таа со себе донесе немир. 6. Објави, усвои нешто (закон, пропис, заклучок и др.). Донесе одлука. Донесе пресуда. Донесе заклучок. 7. Соопшти, пренесе глас, вест од некаде. Весниците ги донесоа првите резултати од изборите. 8. (прен.) Дојде, се случи нешто во текот на времето. Ноќта донесе рафали. Тоа лето го донесе почетокот на војната. Утрото донесе многу ладен воздух. ◊ Донесе срам – засрами, усрами некого. Донесе на свет – роди дете, се породи. Господ (го) донесе – дојде на време, токму тогаш кога треба. ǁ донесува, донесуваат несв. ǁ глаг. им. донесување ср. ǁ донесувач, мн. донесувачи м. в. донесе 1.