дообјасни
Значење на дообјасни:
Објасни тоа што останало нејасно, објасни до крај. Изгуби желба да ја дообјасни својата мисла. Останува една работа што ќе мораме да ја дообјасниме.Коњугација: дообјаснат.
Изведени зборови:
- дообјаснување, глаг. им. ср.
- се ~ дообјасни, Се изјасни, се искаже до крај. Чекаше овој да се дообјасни. Ние немавме прилика да се дообјасниме.
- (се) дообјаснува, глаг. несв. (се) дообјаснуваат
Оригинални податоци:
дообјасни, дообјаснат св. Објасни тоа што останало нејасно, објасни до крај. Изгуби желба да ја дообјасни својата мисла. Останува една работа што ќе мораме да ја дообјасниме. ● се ~ Се изјасни, се искаже до крај. Чекаше овој да се дообјасни. Ние немавме прилика да се дообјасниме. ǁ (се) дообјаснува, (се) дообјаснуваат несв. ǁ глаг. им. дообјаснување ср.