дооден

Придавка

Значење на дооден:

1. Што е физички опаднат, преморен, капнат. Тајфата ја водеше доодено старче. Колата ја тргаа два доодени коња.

2. (прен.) Што е расипан, истрошен. Дооден часовник.

Членувана форма: доодениот.

Изведени зборови:

  • дооденост, и. ж.

Оригинални податоци:

дооден, доодениот прид. 1. Што е физички опаднат, преморен, капнат. Тајфата ја водеше доодено старче. Колата ја тргаа два доодени коња. 2. (прен.) Што е расипан, истрошен. Дооден часовник. ǁ дооденост ж.