допадне

Глагол, свршен

Дијалектен збор.

Значење на допадне:

1. Дојде, стигне неочекувано, одненадеж. Во одајата допадна едно дете. Како допадна ти овдека?

2. Дојде, падне нешто некому в рака. Не сакам дневников да допадне во нечии раце. Му даваа сѐ што ќе им допаднеше до рацете.

Коњугација: допаднаа , допаднав , допаднал , допаднат , допаднат , допаднете , допадни , (ќе) допаднеа , (ќе) допаднев , (ќе) допаднел.

Оригинални податоци:

допадне, допаднат; допадни, допаднете; допаднав, допаднаа; допаднал; допаднат; (ќе) допаднев, (ќе) допаднеа; (ќе) допаднел св. (дијал.) 1. Дојде, стигне неочекувано, одненадеж. Во одајата допадна едно дете. Како допадна ти овдека? 2. Дојде, падне нешто некому в рака. Не сакам дневников да допадне во нечии раце. Му даваа сѐ што ќе им допаднеше до рацете.