допир

Именка, машки род

Значење на допир:

1. Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг. Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело. Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод. Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето.

2. Непосреден однос, врска, контакт; меѓусебно запознавање со некого или со нешто. Како учител, тој бил во постојан допир со народот. Стапил во допир со редакцијата.

Множина: допири.

Оригинални податоци:

допир, мн. допири м. 1. Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг. Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело. Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод. Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето. 2. Непосреден однос, врска, контакт; меѓусебно запознавање со некого или со нешто. Како учител, тој бил во постојан допир со народот. Стапил во допир со редакцијата.