дополнение

Именка, среден род

Значење на дополнение:

1. Тоа што се додава кон нешто за дополнување, за да стане целосно, полно, завршено; дополнување. Вториот дел е дополнение за изгубените листови. Во програмата беа внесени уште некои дополненија.

2. (грам.) додаток 3.

Множина: дополненија.

Оригинални податоци:

дополнение, мн. дополненија ср. 1. Тоа што се додава кон нешто за дополнување, за да стане целосно, полно, завршено; дополнување. Вториот дел е дополнение за изгубените листови. Во програмата беа внесени уште некои дополненија. 2. (грам.) в. додаток 3.