дополни

Глагол, свршен

Значење на дополни:

1. Дотури, додаде во нешто да стане полно. Застана да го дополни резервоарот со бензин. Тој му ја дополни чашата со ракија.

2. Каже, додаде нешто при зборување. Таа го дополни кажувањето на мајка си.

3. Прави да биде комплетен, комплетира. Си ја дополни мислата загледан во реката. Топлото сончево време само ја дополни пријатната глетка.

Коњугација: дополнат.

Изведени зборови:

  • дополнување, глаг. им. ср.
  • се ~ дополни, 1. Додаде нешто во својот исказ, се доискаже. Сега е сѐ смалено, си рече, и не само смалено, се дополни, туку и испразнето. „Шета по реката“, викна жената, „државата плаќа“, гневно се дополни. 2. Се потполни, се комплетира нешто. Неговиот животопис треба да се дополни. Објаснувањата треба да се дополнат и доуточнат. 3. (само мн.) Се поврзе во целина едното со другото, претставува дополнение едното на другото. Сите тие работи се дополнуваа една со друга. Овие две тврдења никако не се исклучуваат, ами само се дополнуваат.
  • (се) дополнува, глаг. несв. (се) дополнуваат

Оригинални податоци:

дополни, дополнат св. 1. Дотури, додаде во нешто да стане полно. Застана да го дополни резервоарот со бензин. Тој му ја дополни чашата со ракија. 2. Каже, додаде нешто при зборување. Таа го дополни кажувањето на мајка си. 3. Прави да биде комплетен, комплетира. Си ја дополни мислата загледан во реката. Топлото сончево време само ја дополни пријатната глетка. ● се ~ 1. Додаде нешто во својот исказ, се доискаже. Сега е сѐ смалено, си рече, и не само смалено, се дополни, туку и испразнето. „Шета по реката“, викна жената, „државата плаќа“, гневно се дополни. 2. Се потполни, се комплетира нешто. Неговиот животопис треба да се дополни. Објаснувањата треба да се дополнат и доуточнат. 3. (само мн.) Се поврзе во целина едното со другото, претставува дополнение едното на другото. Сите тие работи се дополнуваа една со друга. Овие две тврдења никако не се исклучуваат, ами само се дополнуваат. ǁ (се) дополнува, (се) дополнуваат несв. ǁ глаг. им. дополнување ср.