допре
Значење на допре:
1. Чепне, фати нешто, приближи нешто до друго нешто. Ја допре по косата. Расеано си ги допрел џебовите. Го допрев своето лице до иконата.
2. Досегне до нешто, до некаде. Водата му допираше до колената. Мрежите допреа дваесетина метри длабоко во водата.
3. Дојде до сетилата, до свеста. До нас допре слаб удар. Откај езерото допреа извиците на рибарите. Од собата допрела миризба на топла погача.
4. (прен.) Засегне, опфати нешто. Проблемите тешко можеа да допрат до него.
Коњугација: допрат , допреа , допрев , допрел , допрен, допрете , допри .
Изведени зборови:
- допирање, глаг. им. ср.
- (се) допира, глаг. несв. (се) допираат
- се ~ допре, 1. Се чепне, се фати за нешто, се потпре на нешто; е во допир со нешто. Со двете раце се допрел до оградата. При пливањето се допреа со нозете. Со едната нога се допрел до земјата. Тие се допреа со лактите. 2. Се засегне, се опфати нешто; е близок во нешто. Ние само се допревме до тоа прашање и го поставивме на дискусија. Глаголот се допира со придавката преку партиципните форми.
Оригинални податоци:
допре, допрат; допри, допрете; допрев, допреа; допрел; допрен св. 1. Чепне, фати нешто, приближи нешто до друго нешто. Ја допре по косата. Расеано си ги допрел џебовите. Го допрев своето лице до иконата. 2. Досегне до нешто, до некаде. Водата му допираше до колената. Мрежите допреа дваесетина метри длабоко во водата. 3. Дојде до сетилата, до свеста. До нас допре слаб удар. Откај езерото допреа извиците на рибарите. Од собата допрела миризба на топла погача. 4. (прен.) Засегне, опфати нешто. Проблемите тешко можеа да допрат до него. ● се ~ 1. Се чепне, се фати за нешто, се потпре на нешто; е во допир со нешто. Со двете раце се допрел до оградата. При пливањето се допреа со нозете. Со едната нога се допрел до земјата. Тие се допреа со лактите. 2. Се засегне, се опфати нешто; е близок во нешто. Ние само се допревме до тоа прашање и го поставивме на дискусија. Глаголот се допира со придавката преку партиципните форми. ǁ (се) допира, (се) допираат несв. ǁ глаг. им. допирање ср.