допушти
Значење на допушти:
Дозволи, одобри, прифати, признае нешто, не спречи, не оспори. Го допушти на испит. Војниците не допуштија никому да им се приближи. Јас би допуштил дека од сликарство не се разбирам како вас. Ние допуштивме дека постои биоенергија.Коњугација: допуштат.
Изведени зборови:
- допушта, глаг. несв. допуштаат
- допуштање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
допушти, допуштат св. Дозволи, одобри, прифати, признае нешто, не спречи, не оспори. Го допушти на испит. Војниците не допуштија никому да им се приближи. Јас би допуштил дека од сликарство не се разбирам како вас. Ние допуштивме дека постои биоенергија. ǁ допушта, допуштаат несв. ǁ глаг. им. допуштање ср.