досади 1
Значење на досади:
Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив. Разговорите на таа тема веќе му досадија. Му досади постојаното плачење на детето. Тој им досадил со своите проблеми.Коњугација: досадат.
Изведени зборови:
- досадување, глаг. им. ср.
- се ~ досади, 1. (само несв.) Го поминува времето во досада, не знае што да прави. Тие се досадуваа чекајќи го да дојде. 2. Ми (ти, му...) се досади. Ми се здодее, ми се смачи од нешто. Ми се досади од учење непотребни работи. Сигурно му се досадило да седи сам дома.
- (се) досадува1, глаг. несв. (се) досадуваат
Оригинални податоци:
досади1, досадат св. Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив. Разговорите на таа тема веќе му досадија. Му досади постојаното плачење на детето. Тој им досадил со своите проблеми. ● се ~ 1. (само несв.) Го поминува времето во досада, не знае што да прави. Тие се досадуваа чекајќи го да дојде. 2. Ми (ти, му...) се досади. Ми се здодее, ми се смачи од нешто. Ми се досади од учење непотребни работи. Сигурно му се досадило да седи сам дома. ǁ (се) досадува1, (се) досадуваат несв. ǁ глаг. им. досадување ср.