досади 2

Глагол, свршен

Значење на досади:

1. Заврши со садењето. Вчера го досадивме тутунот.

2. Сади, насади уште, дополнително. Покрај оградата досадил уште неколку овошки.

Коњугација: досадат.

Изведени зборови:

  • досадува2, глаг. несв. досадуваат
  • досадување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

досади2, досадат св. 1. Заврши со садењето. Вчера го досадивме тутунот. 2. Сади, насади уште, дополнително. Покрај оградата досадил уште неколку овошки. ǁ досадува2, досадуваат несв. ǁ глаг. им. досадување ср.