досетлив
Значење на досетлив:
1. Што лесно се досетува, што брзо наоѓа решение, се снаоѓа. Таа беше умна и досетлива жена. Сака да се прикаже поитра и подосетлива од него.
2. Што е духовит, забавен. Тој беше досетлив и сликовит во зборувањето. Пред други луѓе, тој беше толку досетлив, широк и весел.
Членувана форма: досетливиот.
Изведени зборови:
- досетливост, и. ж.
Оригинални податоци:
досетлив, досетливиот прид. 1. Што лесно се досетува, што брзо наоѓа решение, се снаоѓа. Таа беше умна и досетлива жена. Сака да се прикаже поитра и подосетлива од него. 2. Што е духовит, забавен. Тој беше досетлив и сликовит во зборувањето. Пред други луѓе, тој беше толку досетлив, широк и весел. ǁ досетливост ж.