дошие

Глагол, свршен

Значење на дошие:

1. Додаде нешто со шиење, пришие. Дошив уште едно копче на џемперот.

2. Изработи нешто со шиење до крај. Шивачката ми го доши фустанот.

Коњугација: дошив , дошиен, дошиј , дошија , дошијат , дошијте , дошил , (ќе) дошиев , (ќе) дошиеја , (ќе) дошиел .

Изведени зборови:

  • дошива, глаг. несв. дошиваат
  • дошивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

дошие, дошијат; дошиј, дошијте; дошив, дошија; дошил; (ќе) дошиев, (ќе) дошиеја; (ќе) дошиел; дошиен св. 1. Додаде нешто со шиење, пришие. Дошив уште едно копче на џемперот. 2. Изработи нешто со шиење до крај. Шивачката ми го доши фустанот. ǁ дошива, дошиваат несв. ǁ глаг. им. дошивање ср.