досипе
Значење на досипе:
1. Сипе до крај. Го досипа целото брашно во водата што вриеше.
2. Со сипење додаде уште, колку што е потребно. Му досипа во чашката уште ракија.
Коњугација: досипаа , досипав , досипал , досипан , досипат , досипен, досипете , досипи , (ќе) досипеа , (ќе) досипев , (ќе) досипел .
Изведени зборови:
- досипува, глаг. несв. досипуваат
- досипување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
досипе, досипат; досипи, досипете; досипав, досипаа; досипал; досипан; (ќе) досипев, (ќе) досипеа; (ќе) досипел; досипен св. 1. Сипе до крај. Го досипа целото брашно во водата што вриеше. 2. Со сипење додаде уште, колку што е потребно. Му досипа во чашката уште ракија. ǁ досипува, досипуваат несв. ǁ глаг. им. досипување ср.