доследен

Придавка

Значење на доследен:

Што се држи до определено мислење, што има свој став; принципиелен. Тој остана доследен на својот збор. Тие биле доследни следбеници на христијанството.

Членувана форма: доследниот.

Изведени зборови:

  • доследно, прил. Законот треба доследно да се применува.
  • доследност, и. ж.

Оригинални податоци:

доследен, доследниот прид. Што се држи до определено мислење, што има свој став; принципиелен. Тој остана доследен на својот збор. Тие биле доследни следбеници на христијанството. ǁ доследно прил. Законот треба доследно да се применува. ǁ доследност ж.