дослух
Разговорен збор, израз.
Само во еднина.
Значење на дослух:
1. Тајна врска, тајно договарање. Писмото докажува дека тој бил во дослух со кралот.
2. (прен.) Врска, поврзаност со нешто. Секое дело, на извесен начин, е во дослух со минатото. Сака да биде во дослух со тоа што се случува во светот на модата.
Оригинални податоци:
дослух (само едн., разг.) м. 1. Тајна врска, тајно договарање. Писмото докажува дека тој бил во дослух со кралот. 2. (прен.) Врска, поврзаност со нешто. Секое дело, на извесен начин, е во дослух со минатото. Сака да биде во дослух со тоа што се случува во светот на модата.