дособере

Глагол, свршен

Значење на дособере:

Собере сѐ, до крај. Дособраа сѐ што останало во дворот. Сливите изнародија толку многу што не можеа да ги дособерат.

Коњугација: дособерат , дособерен, дособерете , дособери , дособраа , дособрав , дособрал , дособран , (ќе) дособереа , (ќе) дособерев , (ќе) дособерел .

Изведени зборови:

  • се ~ дособере, Се склопчи. Таа ќе се дособере како болно еже, кога ќе чуе што сакам да сторам.
  • (се) дособира, глаг. несв. (се) дособираат

Оригинални податоци:

дособере, дособерат; дособери, дособерете; дособрав, дособраа; дособрал; дособран; (ќе) дособерев, (ќе) дособереа; (ќе) дособерел; дособерен св. Собере сѐ, до крај. Дособраа сѐ што останало во дворот. Сливите изнародија толку многу што не можеа да ги дособерат. ● се ~ Се склопчи. Таа ќе се дособере како болно еже, кога ќе чуе што сакам да сторам. ǁ (се) дособира, (се) дособираат несв.