доста
Значење на доста:
1. Толку колку што е потребно; доволно. Во сандакот имаше доста храна за сите. Ако можеш да разбереш, доста ти се и овие зборови.
2. Во големо количество, во голем број; многу. Доста изгинавме на едната и на другата страна. Познати ни се доста ракописи со црковни слова. Се исплаши и доста време не можеше ниту збор да каже.
3. За означување на определен степен на некаква особина, својство, процес и сл.; во поизразена мера; прилично. Жената беше доста висока. Татко му имаше доста добар имот на село. Доста мрзливо го продолживме патот.
4. Како изв. – за изразување барање да престане нешто што се прави. Доста сме биле робови. Доста беше криење. Доста ми е од тебе! Доста веќе, не можам да те слушам. Доста со тие глупости.
Оригинални податоци:
доста прил. 1. Толку колку што е потребно; доволно. Во сандакот имаше доста храна за сите. Ако можеш да разбереш, доста ти се и овие зборови. 2. Во големо количество, во голем број; многу. Доста изгинавме на едната и на другата страна. Познати ни се доста ракописи со црковни слова. Се исплаши и доста време не можеше ниту збор да каже. 3. За означување на определен степен на некаква особина, својство, процес и сл.; во поизразена мера; прилично. Жената беше доста висока. Татко му имаше доста добар имот на село. Доста мрзливо го продолживме патот. 4. Како изв. – за изразување барање да престане нешто што се прави. Доста сме биле робови. Доста беше криење. Доста ми е од тебе! Доста веќе, не можам да те слушам. Доста со тие глупости.