достапен

Придавка

Значење на достапен:

1. Што е пристапен, прооден, до кој може да се дојде. Овој дел од планината е пуст и тешко достапен. Пештерата е достапна само по воден пат.

2. Што е разбирлив, сфатлив. За да ги направат апокрифните текстови подостапни за народот, ги украсувале со современата народна поетика. Треба да се изнајдат форма и јазик што ќе бидат достапни за нив.

3. Што може да се види, да се посети. Старите споменици станаа достапни за секого. Книгата ќе им биде достапна на широк круг читатели.

4. Што е отворен, комуникативен, што лесно стапува во контакт со другите. Секогаш намуртен и затворен во себе, тој не беше достапен за блиско другарство. Тој беше питом и достапен човек.

Членувана форма: достапниот.

Изведени зборови:

  • достапно, прил. Сето тоа наеднаш ми стана достапно.
  • достапност, и. ж.

Оригинални податоци:

достапен, достапниот прид. 1. Што е пристапен, прооден, до кој може да се дојде. Овој дел од планината е пуст и тешко достапен. Пештерата е достапна само по воден пат. 2. Што е разбирлив, сфатлив. За да ги направат апокрифните текстови подостапни за народот, ги украсувале со современата народна поетика. Треба да се изнајдат форма и јазик што ќе бидат достапни за нив. 3. Што може да се види, да се посети. Старите споменици станаа достапни за секого. Книгата ќе им биде достапна на широк круг читатели. 4. Што е отворен, комуникативен, што лесно стапува во контакт со другите. Секогаш намуртен и затворен во себе, тој не беше достапен за блиско другарство. Тој беше питом и достапен човек. ǁ достапно прил. Сето тоа наеднаш ми стана достапно. ǁ достапност ж.