достави
Значење на достави:
1. Врачи, предаде, испрати нешто некому. Ме ослободи под услов да доставам писмена изјава. Скратената верзија на овој предлог им беше доставена на сите членови.
2. Извести, јави, даде некаква информација. Некој предавник има доставено на полицијата дека се криеш овде. Треба да откриеме кој ги доставил овие податоци во фирмата.
Коњугација: достават.
Изведени зборови:
- доставува, глаг. несв. доставуваат
- доставување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
достави, достават св. 1. Врачи, предаде, испрати нешто некому. Ме ослободи под услов да доставам писмена изјава. Скратената верзија на овој предлог им беше доставена на сите членови. 2. Извести, јави, даде некаква информација. Некој предавник има доставено на полицијата дека се криеш овде. Треба да откриеме кој ги доставил овие податоци во фирмата. ǁ доставува, доставуваат несв. ǁ глаг. им. доставување ср.