достоен
Значење на достоен:
1. Што има углед, што има достоинство. Достоен човек. Достоен борец.
2. Што заслужува нешто. Достоен за почит. Достоен за пофалба. Достоен за презир.
3. Што одговара, што е соодветен на некого или на нешто. Достоен партнер. Достоен одговор.
Членувана форма: достојниот.
Изведени зборови:
- достојно, прил. Достојно ја претставува нашата земја.
- достојност, и. ж.
Оригинални податоци:
достоен, достојниот прид. 1. Што има углед, што има достоинство. Достоен човек. Достоен борец. 2. Што заслужува нешто. Достоен за почит. Достоен за пофалба. Достоен за презир. 3. Што одговара, што е соодветен на некого или на нешто. Достоен партнер. Достоен одговор. ǁ достојно прил. Достојно ја претставува нашата земја. ǁ достојност ж.