достои
Значење на достои:
1. Стои до определено време, до крај. Достојав на нозете. Достои на тоа место.
2. Издржи, истрпи. Не можеше да достои да не му подари нешто.
Коњугација: достоија , достој , достојаа и достоив , достојав , достојал и достоил , достојан и достоен , достојат , достојте , (ќе) достоев , (ќе) достоеја , (ќе) достоел.
Изведени зборови:
- достојува, глаг. несв. достојуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Си достоја на зборот – одржи збор, ветување.
Оригинални податоци:
достои, достојат; достој, достојте; достојав, достојаа и достоив, достоија; достојал и достоил; достојан и достоен; (ќе) достоев, (ќе) достоеја; (ќе) достоел св. 1. Стои до определено време, до крај. Достојав на нозете. Достои на тоа место. 2. Издржи, истрпи. Не можеше да достои да не му подари нешто. ǁ достојува, достојуваат несв. ◊ Си достоја на зборот – одржи збор, ветување.