дотера
Значење на дотера:
1. а) За животно – доведе со терање да стигне на некое место. Ги дотера говедата во шталата. б) За човек – принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место. Ги дотераа селаните на сретсело.
2. Донесе некого или нешто со товарно животно или со превозно средство. Дотерав два товара дрва.
3. а) Доведе нешто во ред за да врши определена функција. Го дотера часовникот. б) Доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби. Дотерај го текстот на соопштението.
4. Среди некого или нешто за да изгледа поубаво, украси. Ја дотерал брадата. Го дотеравме младоженецот.
5. Стигне до некаква положба или степен на рангирање. Маката нѐ дотера до ваму. Дотера до генерал.
6. Открие, расветли нешто. Сака да ја дотера до крај работата.
7. (разг.) Научи да постапува правилно. Ќе ги дотерам јас на ред.
8. Помине извесен временски период. Така ќе дотера до зимата.
Коњугација: дотераат.
Изведени зборови:
- дотерување, глаг. им. ср. дотерување, PLUR_дотерувања Беше позната по екстравагантните дотерувања.
- дотерувач, и. м. сп. дотера 4.
- се ~ дотера, Се уреди, се украси. Таа се дотера пред огледалото.
- (се) дотерува, глаг. несв. (се) дотеруваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му...) го дотера умот (паметот) – го вразуми, го направи послушен. Дотера до питачки стап – материјално пропадне, осиромаши.
Оригинални податоци:
дотера, дотераат св. 1. а) За животно – доведе со терање да стигне на некое место. Ги дотера говедата во шталата. б) За човек – принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место. Ги дотераа селаните на сретсело. 2. Донесе некого или нешто со товарно животно или со превозно средство. Дотерав два товара дрва. 3. а) Доведе нешто во ред за да врши определена функција. Го дотера часовникот. б) Доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби. Дотерај го текстот на соопштението. 4. Среди некого или нешто за да изгледа поубаво, украси. Ја дотерал брадата. Го дотеравме младоженецот. 5. Стигне до некаква положба или степен на рангирање. Маката нѐ дотера до ваму. Дотера до генерал. 6. Открие, расветли нешто. Сака да ја дотера до крај работата. 7. (разг.) Научи да постапува правилно. Ќе ги дотерам јас на ред. 8. Помине извесен временски период. Така ќе дотера до зимата. ● се ~ Се уреди, се украси. Таа се дотера пред огледалото. ◊ Ми (ти, му...) го дотера умот (паметот) – го вразуми, го направи послушен. Дотера до питачки стап – материјално пропадне, осиромаши. ǁ (се) дотерува, (се) дотеруваат несв. ǁ глаг. им. дотерување, мн. дотерувања ср. Беше позната по екстравагантните дотерувања. ǁ дотерувач, мн. дотерувачи м. сп. дотера 4.