дотрае

Глагол, свршен

Значење на дотрае:

1. Истрае, трае до крај (обично негирано). Четниците не можеа да дотрајат и ги кренаа пушките.

2. Се воздржи од зборување, не проговори (со негација). Кога ги чу тие зборови, не можеше да дотрае.

3. За предмети; за човек – дојде до крајот на траењето, се истроши до крај. Дотрајал телевизорот, треба да се купи нов. Дотрајав, се искршив, беше моето!

Коњугација: дотраам , дотраат , дотраен, дотрај , дотрајаа , дотрајав , дотрајал , дотрајан , дотрајте , (ќе) дотраев , (ќе) дотраеја , (ќе) дотраел .

Изведени зборови:

  • дотрајува, глаг. несв. дотрајуваат
  • дотрајување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

дотрае, дотраам, дотраат; дотрај, дотрајте; дотрајав, дотрајаа; дотрајал; дотрајан; (ќе) дотраев, (ќе) дотраеја; (ќе) дотраел; дотраен св. 1. Истрае, трае до крај (обично негирано). Четниците не можеа да дотрајат и ги кренаа пушките. 2. Се воздржи од зборување, не проговори (со негација). Кога ги чу тие зборови, не можеше да дотрае. 3. За предмети; за човек – дојде до крајот на траењето, се истроши до крај. Дотрајал телевизорот, треба да се купи нов. Дотрајав, се искршив, беше моето! ǁ дотрајува, дотрајуваат несв. ǁ глаг. им. дотрајување ср.