дотурка
Значење на дотурка:
1. Со туркање донесе нешто до некое место. Тој го дотурка бурето до дворот.
2. (прен.) Дојде некако, со нечија помош или со поголеми тешкотии, до некој степен во развојот, до некоја положба, звање и сл. Некои од нив дотуркаа и до кадровските листи. Далеку ќе дотуркаш и ќе направиш страшна кариера.
Коњугација: дотуркаат.
Оригинални податоци:
дотурка, дотуркаат св. 1. Со туркање донесе нешто до некое место. Тој го дотурка бурето до дворот. 2. (прен.) Дојде некако, со нечија помош или со поголеми тешкотии, до некој степен во развојот, до некоја положба, звање и сл. Некои од нив дотуркаа и до кадровските листи. Далеку ќе дотуркаш и ќе направиш страшна кариера.