доведе
Значење на доведе:
1. Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место. Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама. Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде.
2. Постави некого или помогне некој да биде поставен на определена позиција во општеството, во работна организација и сл. Директорот доведе нови, стручни луѓе во фабриката. Доведоа на престолот еден плиткоумен несреќник.
3. а) Земе во куќата жена за женидба; се жени. Невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи. б) Донесе со себе деца од претходниот брак. Таа во вториот брак довела две деца од првиот.
4. а) Предизвика нешто, доведе до некаков настан. Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата. Со своето пијанство го доведе семејството до питачки стап. б) Изрази, предизвика некаква состојба, расположение. Тие зборови го доведоа до лудило и очај. Неговата лекомислена страст го доведе во оваа срамна положба.
5. Во состави со именки. Доведе во ред. Среди, намести. Доведе во врска. Поврзе. Доведе до заклучок. Заклучи. Доведе во прашање. Загрози нешто.
Коњугација: доведат , доведен, доведете , доведи , доведоа , доведов , довел , (ќе) доведеа , (ќе) доведев , (ќе) доведел .
Изведени зборови:
- доведува, глаг. несв. доведуваат
- доведување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
доведе, доведат; доведи, доведете; доведов, доведоа; довел; (ќе) доведев, (ќе) доведеа; (ќе) доведел; доведен св. 1. Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место. Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама. Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде. 2. Постави некого или помогне некој да биде поставен на определена позиција во општеството, во работна организација и сл. Директорот доведе нови, стручни луѓе во фабриката. Доведоа на престолот еден плиткоумен несреќник. 3. а) Земе во куќата жена за женидба; се жени. Невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи. б) Донесе со себе деца од претходниот брак. Таа во вториот брак довела две деца од првиот. 4. а) Предизвика нешто, доведе до некаков настан. Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата. Со своето пијанство го доведе семејството до питачки стап. б) Изрази, предизвика некаква состојба, расположение. Тие зборови го доведоа до лудило и очај. Неговата лекомислена страст го доведе во оваа срамна положба. 5. Во состави со именки. Доведе во ред. Среди, намести. Доведе во врска. Поврзе. Доведе до заклучок. Заклучи. Доведе во прашање. Загрози нешто. ǁ доведува, доведуваат несв. ǁ глаг. им. доведување ср.