довери
Значење на довери:
1. Задолжи некого со определена задача или функција. Ќе ја прифатам секоја партиска работа што ќе ми ја доверат.
2. Каже, соопши некому нешто во доверба, нешто што го држи како тајна. Има работи кои ги знам, но не смеам никому да му ги доверам. Не би бил адвокат ако не знам да ја зачувам тајната што ќе ми ја доверат.
Коњугација: доверат.
Изведени зборови:
- доверува, глаг. несв. доверуваат
- доверување, глаг. им. ср.
- се ~ довери, Каже некому во доверба некаква тајна. Ќе ти се довери некој и ти не знаеш што да правиш со тоа. Можам да им се доверам само ним.
Оригинални податоци:
довери, доверат св. 1. Задолжи некого со определена задача или функција. Ќе ја прифатам секоја партиска работа што ќе ми ја доверат. 2. Каже, соопши некому нешто во доверба, нешто што го држи како тајна. Има работи кои ги знам, но не смеам никому да му ги доверам. Не би бил адвокат ако не знам да ја зачувам тајната што ќе ми ја доверат. ● се ~ Каже некому во доверба некаква тајна. Ќе ти се довери некој и ти не знаеш што да правиш со тоа. Можам да им се доверам само ним. ǁ доверува, доверуваат несв. ǁ глаг. им. доверување ср.