доверлив
Значење на доверлив:
1. Што се засновува на доверба, отворен, искрен. Доверлив другар. Доверлив разговор.
2. Што предизвикува, влева доверба. Нејзините сини очи, милосливи и доверливи, повикуваа и прекоруваа.
3. Што знае да чува тајна; што извршува тајни задачи. Јас сум овдека доверлива личност на највисоките воени кругови.
4. Што не е за во јавност, за што не смее да се зборува јавно. Сите добија доверливи шифрирани пораки. Тој врши многу доверлива државна задача.
Членувана форма: доверливиот.
Изведени зборови:
- доверливо, прил. Во доверба; тајно. Тој се наведна и доверливо му прошепоти.
- доверливост, и. ж.
Оригинални податоци:
доверлив, доверливиот прид. 1. Што се засновува на доверба, отворен, искрен. Доверлив другар. Доверлив разговор. 2. Што предизвикува, влева доверба. Нејзините сини очи, милосливи и доверливи, повикуваа и прекоруваа. 3. Што знае да чува тајна; што извршува тајни задачи. Јас сум овдека доверлива личност на највисоките воени кругови. 4. Што не е за во јавност, за што не смее да се зборува јавно. Сите добија доверливи шифрирани пораки. Тој врши многу доверлива државна задача. ǁ доверливо прил. Во доверба; тајно. Тој се наведна и доверливо му прошепоти. ǁ доверливост ж.