довезе 2

Глагол, свршен

Значење на довезе:

Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство. По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил. Стоката ја довезовме со голем камион.

Коњугација: довезат , довезен, довезен , довезете , довези , довезоа , довезов , довезол , (ќе) довезеа , (ќе) довезев , (ќе) довезел .

Изведени зборови:

  • довезува, глаг. несв. довезуваат
  • довезување, глаг. им. ср.
  • се ~ довезе, Допатува, пристигне некаде со помош на превозно средство. Тој нѐ пречека на врата кога утрото се довезовме со такси пред неговата куќа.

Оригинални податоци:

довезе2, довезат; довези, довезете; довезов, довезоа; довезол; довезен; (ќе) довезев, (ќе) довезеа; (ќе) довезел; довезен св. Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство. По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил. Стоката ја довезовме со голем камион. ● се ~ Допатува, пристигне некаде со помош на превозно средство. Тој нѐ пречека на врата кога утрото се довезовме со такси пред неговата куќа. ǁ довезува, довезуваат несв. ǁ глаг. им. довезување ср.