довлече

Глагол, свршен

Значење на довлече:

1. Со влечење донесе, премести нешто до определено место. Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.

2. Доведе, донесе некого со сила. Пустинското дете ме довлече до камилата.

Коњугација: довлекле , довлекоа , довлеков , довлекол , довлечат , довлечен, довлечете , довлечи , (ќе) довлечеа , (ќе) довлечев , (ќе) довлечел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. довлечува, довлечуваат / довлекува, довлекуваат
  • довлекува, довлекуваат VERB_INF
  • довлекува, довлекуваат VERB_INF
  • довлечување, глаг. им. ср. довлечување / довлекување
  • се ~ довлече, Одвај дојде, стигне со влечење. Околу полноќ до мене се довлекоа тројца другари. Одвај се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката.

Оригинални податоци:

довлече, довлечат; довлечи, довлечете; довлеков, довлекоа; довлекол, довлекле; (ќе) довлечев, (ќе) довлечеа; (ќе) довлечел; довлечен св. 1. Со влечење донесе, премести нешто до определено место. Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив. 2. Доведе, донесе некого со сила. Пустинското дете ме довлече до камилата. ● се ~ Одвај дојде, стигне со влечење. Околу полноќ до мене се довлекоа тројца другари. Одвај се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката. ǁ довлечува, довлечуваат / довлекува, довлекуваат несв. ǁ глаг. им. довлечување / довлекување ср.