доволен
Значење на доволен:
1. Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.
2. (арх.) Исполнет со задоволство, задоволен. Се чувствуваше доволен од работата што ја заврши.
3. Најниска, преодна оценка во основното и средното образование. Голем број писмени задачи беа оценети со доволен.
Членувана форма: доволниот.
Изведени зборови:
- доволство, и. ср. (ретко) в. задоволство.
Оригинални податоци:
доволен, доволниот прид. 1. Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа. 2. (арх.) Исполнет со задоволство, задоволен. Се чувствуваше доволен од работата што ја заврши. 3. Најниска, преодна оценка во основното и средното образование. Голем број писмени задачи беа оценети со доволен. ǁ доволство, мн. доволства ср. (ретко) в. задоволство.