довтаса
Значење на довтаса:
1. Дојде, стигне на кој било начин. Вечерта по мракот довтаса и итрецот со својата дружина. Од прозорецот на теќето довтаса глас.
2. Стигне некого или нешто што е во движење. Тој го довтаса пријателот и остро му рече дека не се согласува со неговата постапка.
3. Стигне, има нешто во доволна мера. Мислам дека ќе ти довтасаат пари за да си купиш нешто по пат.
Коњугација: довтасаат.
Изведени зборови:
- довтасува, глаг. несв. довтасуваат
Оригинални податоци:
довтаса, довтасаат св. 1. Дојде, стигне на кој било начин. Вечерта по мракот довтаса и итрецот со својата дружина. Од прозорецот на теќето довтаса глас. 2. Стигне некого или нешто што е во движење. Тој го довтаса пријателот и остро му рече дека не се согласува со неговата постапка. 3. Стигне, има нешто во доволна мера. Мислам дека ќе ти довтасаат пари за да си купиш нешто по пат. ǁ довтасува, довтасуваат несв.