дожд
Значење на дожд:
1. Атмосферска појава во вид на водни капки што паѓаат од облаците. Вчера падна пороен дожд.
2. (прен.) Големо количество, обилност на нешто. Детето почувствува по своето лице дожд од солзи. Дожд од куршуми падна врз селото. Го пречека дожд од тешки и навредливи зборови.
Множина: дождови.
Изведени зборови:
- дожде, и. ср. (обично едн.) хип.
- дождец, и. м. (само едн.) дем. и хип
- дождиште, и. ср. аугм., пејор.
Оригинални податоци:
дожд, мн. дождови м. 1. Атмосферска појава во вид на водни капки што паѓаат од облаците. Вчера падна пороен дожд. 2. (прен.) Големо количество, обилност на нешто. Детето почувствува по своето лице дожд од солзи. Дожд од куршуми падна врз селото. Го пречека дожд од тешки и навредливи зборови. ǁ дожде (обично едн.) ср. хип. ǁ дождец (само едн.) м. дем. и хип ǁ дождиште, мн. дождишта ср. аугм., пејор.