дрмоли

Глагол, несвршен

Значење на дрмоли:

Силно или грубо тресе некого или нешто. Го дрмолеше за раменици. Силно ја дрмолеше мрежата.

Коњугација: дрмолат.

Изведени зборови:

  • дрмолење, глаг. им. ср.
  • се ~ дрмоли, Се бори, се дави со некого. Се борат и се дрмолат со тој разбијник.

Оригинални податоци:

дрмоли, дрмолат несв. Силно или грубо тресе некого или нешто. Го дрмолеше за раменици. Силно ја дрмолеше мрежата. ● се ~ Се бори, се дави со некого. Се борат и се дрмолат со тој разбијник. ǁ глаг. им. дрмолење ср.