дроб

Именка, машки род

Значење на дроб:

1. Внатрешен орган кај човекот или кај животно.

2. (само мн.) Заеднички назив за црниот дроб и белите дробови кога се приготвуваат како јадење. Ќе му се најадам од дробовите. Ги испржи набрзина дробовите.

Множина: дроба, дробови.

Изведени зборови:

  • дропче, и. ср. дем. од зн. 2.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бел дроб, обично во мн. бели дробови – два дела од еден орган, сместени симетрично во градната шуплина, дел од системот за дишење. Црн дроб – орган сместен во горниот десен дел од утробата што служи за пречистување на крвта.

Оригинални податоци:

дроб, мн. дробови, избр. мн. дроба м. 1. Внатрешен орган кај човекот или кај животно. 2. (само мн.) Заеднички назив за црниот дроб и белите дробови кога се приготвуваат како јадење. Ќе му се најадам од дробовите. Ги испржи набрзина дробовите. ◊ Бел дроб, обично во мн. бели дробови – два дела од еден орган, сместени симетрично во градната шуплина, дел од системот за дишење. Црн дроб – орган сместен во горниот десен дел од утробата што служи за пречистување на крвта. ǁ дропче, мн. дропчиња ср. дем. од зн. 2.