дроби

Глагол, несвршен

Значење на дроби:

1. Ситни, кине нешто на помали парчиња. Дробеа грутки земја со прстите. Го дробеше лебот во чинија.

2. (прен.) Зборува многу, зборува непромислено. Дробат празни зборови. Дроби несврзани работи.

Коњугација: дробат.

Изведени зборови:

  • дробење, глаг. им. ср.
  • се ~ дроби, Се ситни. Мразот се дробеше во ситни парчиња. По улицата се дробеше ситно стакло.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дроби трици; Дроби празна слама – зборува напразно. Што си дробел, тоа ќе сркаш – како што си направил така и ќе добиеш (обично за нешто непријатно, лошо).

Оригинални податоци:

дроби, дробат несв. 1. Ситни, кине нешто на помали парчиња. Дробеа грутки земја со прстите. Го дробеше лебот во чинија. 2. (прен.) Зборува многу, зборува непромислено. Дробат празни зборови. Дроби несврзани работи. ● се ~ Се ситни. Мразот се дробеше во ситни парчиња. По улицата се дробеше ситно стакло. ◊ Дроби трици; Дроби празна слама – зборува напразно. Што си дробел, тоа ќе сркаш – како што си направил така и ќе добиеш (обично за нешто непријатно, лошо). ǁ глаг. им. дробење ср.