друг

Придавка

Значење на друг:

1. Не овој, не посочениот, споменатиот, туку што се разликува од него. Дај ми друг нож, овој не сече. Ќе викнам друг мајстор. Некој друг го направил ова. Други години не било вака.

2. Инаков, поинаков, не ваков, не како посочениот. Откако се ожени, стана друг човек. Кажи го тоа со други зборови. Нека се разберат на друг начин. Ова е друг свет.

3. Што останал, што не е опфатен, земен предвид, што не е поточно определен. Тој се вратил, а другите останале. Нека влезе и другиот.

4. Како сопоставување на еден. Се обѕрнуваме де едниот де другиот. И едните и другите се исти. Ги реди една врз друга. Со едната рака дава, со другата зема.

5. Што не е свој, наш, што е туѓ, непожелен да учествува во нешто. Тоа не се зборува пред друг. Други ни го јадат лебот. Со други не сакам да имам работа.

6. Што е на спротивната страна, на спротивниот крај. Се сврти на другата страна. Помина на другата страна од реката. Тетка му живее на другиот крај од градот. Продавницата беше на другиот крај од улицата.

7. Што следува во однос на некој момент (во минатото или во иднината). Чекал другиот ден пак да дојдат. Ако не можеш тогаш, дојди другата недела.

8. (разг.) За означување на неопределеност, приближност во некоја проценка. Пред некоја и друга година. Ќе почека афионот за некој ден и друг. Се напија по некоја и друга ракија.

Членувана форма: другиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

(Беше) на друг ум – го промени мислењето, однесувањето. Гледа со други очи – поинаку размислува за некого или нешто. Со друг збор – поинаку речено. Ако ништо друго – во крајна мера. На друг да му кажеш – (разг.) тоа (што го велиш) не е точно, знам дека не е така.

Оригинални податоци:

друг, другиот прид. 1. Не овој, не посочениот, споменатиот, туку што се разликува од него. Дај ми друг нож, овој не сече. Ќе викнам друг мајстор. Некој друг го направил ова. Други години не било вака. 2. Инаков, поинаков, не ваков, не како посочениот. Откако се ожени, стана друг човек. Кажи го тоа со други зборови. Нека се разберат на друг начин. Ова е друг свет. 3. Што останал, што не е опфатен, земен предвид, што не е поточно определен. Тој се вратил, а другите останале. Нека влезе и другиот. 4. Како сопоставување на еден. Се обѕрнуваме де едниот де другиот. И едните и другите се исти. Ги реди една врз друга. Со едната рака дава, со другата зема. 5. Што не е свој, наш, што е туѓ, непожелен да учествува во нешто. Тоа не се зборува пред друг. Други ни го јадат лебот. Со други не сакам да имам работа. 6. Што е на спротивната страна, на спротивниот крај. Се сврти на другата страна. Помина на другата страна од реката. Тетка му живее на другиот крај од градот. Продавницата беше на другиот крај од улицата. 7. Што следува во однос на некој момент (во минатото или во иднината). Чекал другиот ден пак да дојдат. Ако не можеш тогаш, дојди другата недела. 8. (разг.) За означување на неопределеност, приближност во некоја проценка. Пред некоја и друга година. Ќе почека афионот за некој ден и друг. Се напија по некоја и друга ракија. ◊ (Беше) на друг ум – го промени мислењето, однесувањето. Гледа со други очи – поинаку размислува за некого или нешто. Со друг збор – поинаку речено. Ако ништо друго – во крајна мера. На друг да му кажеш – (разг.) тоа (што го велиш) не е точно, знам дека не е така.