другар

Именка, машки род

Значење на другар:

1. Лице поврзано со некого со блиски пријателски односи, со разбирање, доверба, дружење. Ти си ми најдобар другар.

2. Лице блиско со некого со заедничка работа или дејност, со еднакви услови за живот, со еднаква судбина и сл. Другар од работа. Другар од студии. Школски другар. Другар од војската. Другар од затвор. Ни се зголеми друштвото со уште еден другар.

3. а) Збор за обраќање во комунистичка партија и во некои други политички организации. б) (истор.) Општ назив за обраќање (кон името, презимето, звањето) од времето на ослободителното движење и на социјалистичкото уредување (до 1990).

4. (разг.) Сопруг. Брачен другар.

Множина: другари.

Изведени зборови:

  • другарка, и. ж.
  • другарски, прид. другарскиот Другарски однос.
  • другарски, прил. Другарски се спогодија.
  • другарче, и. ср. 1. Дем. од другар 1. 2. Кон возрасно лице (обично ирон.). Таква ти била среќата, другарче. Некои другарчиња се истргуваат од работата.

Оригинални податоци:

другар, мн. другари м. 1. Лице поврзано со некого со блиски пријателски односи, со разбирање, доверба, дружење. Ти си ми најдобар другар. 2. Лице блиско со некого со заедничка работа или дејност, со еднакви услови за живот, со еднаква судбина и сл. Другар од работа. Другар од студии. Школски другар. Другар од војската. Другар од затвор. Ни се зголеми друштвото со уште еден другар. 3. а) Збор за обраќање во комунистичка партија и во некои други политички организации. б) (истор.) Општ назив за обраќање (кон името, презимето, звањето) од времето на ослободителното движење и на социјалистичкото уредување (до 1990). 4. (разг.) Сопруг. Брачен другар. ǁ другарка, мн. другарки ж. ǁ другарче, мн. другарчиња ср. 1. Дем. од другар 1. 2. Кон возрасно лице (обично ирон.). Таква ти била среќата, другарче. Некои другарчиња се истргуваат од работата. ǁ другарски, другарскиот прид. Другарски однос. ǁ другарски прил. Другарски се спогодија.