дрвен

Придавка

Значење на дрвен:

1. Што е направен од дрво. Дрвен стол. Дрвена лажица. Дрвени копја.

2. (прен.) Што е стегнат, строг. Дрвено лице. Дрвен глас.

Членувана форма: дрвениот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дрвена глава – тврдоглав човек. (Ќе) заигра дрвен господ – (ќе) го натепа, (ќе) го измава, (ќе) му даде ќотек. Дрвена сабја крв не пушта – со слабо, со несоодветно орудие не може да работи.

Оригинални податоци:

дрвен, дрвениот прид. 1. Што е направен од дрво. Дрвен стол. Дрвена лажица. Дрвени копја. 2. (прен.) Што е стегнат, строг. Дрвено лице. Дрвен глас. ◊ Дрвена глава – тврдоглав човек. (Ќе) заигра дрвен господ – (ќе) го натепа, (ќе) го измава, (ќе) му даде ќотек. Дрвена сабја крв не пушта – со слабо, со несоодветно орудие не може да работи.