дрво
Значење на дрво:
1. Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. Високо дрво. Липово дрво. Шумски дрвја. Гранките на дрвјата.
2. Дрво што се користи за огрев или како материјал за обработка. Огревно дрво. Стовариште за дрва. Благородно дрво. Резбарено дрво.
Множина: дрва, дрвја.
Изведени зборови:
- дрвце, и. ср. дем. 1. Младо, ниско дрво; сп. дрво 1. Во дворот посади едно дрвце. 2. Мало парче дрво; сп. дрво 2. Стави во огнот уште едно дрвце.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрла дрва и камења – остро и жестоко напаѓа со зборови. (Го) бара под дрво и под камен – бара насекаде. Дрвото се витка дури е младо.
Оригинални податоци:
дрво, мн. дрва (за употреба), зб. мн. дрвја (што растат) ср. 1. Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. Високо дрво. Липово дрво. Шумски дрвја. Гранките на дрвјата. 2. Дрво што се користи за огрев или како материјал за обработка. Огревно дрво. Стовариште за дрва. Благородно дрво. Резбарено дрво. ◊ Фрла дрва и камења – остро и жестоко напаѓа со зборови. (Го) бара под дрво и под камен – бара насекаде. Дрвото се витка дури е младо. ǁ дрвце, мн. дрвца ср. дем. 1. Младо, ниско дрво; сп. дрво 1. Во дворот посади едно дрвце. 2. Мало парче дрво; сп. дрво 2. Стави во огнот уште едно дрвце.