држи

Глагол, несвршен

Значење на држи:

1. Фати и не испушта некого или нешто во рацете или со нешто друго. Држи книга во рацете. Го држеше детето за рака.

2. Има власт, управа, контрола над нешто. Ја држеа управата на фабриката во свои раце. Држат заседа пред селото.

3. Има некого или нешто во своја служба, заради остварување некоја дејност и сл. Кројачот држеше двајца калфи. Селаните држеа овци и кози. Во дуќанот држи само златни прстени.

4. Чува, сместува некого или нешто на определено место. Парите ги држеше под перница. Ги држеа рипчињата во една тегла.

5. Потпира, крепи некого или нешто. Мостот го држеа десетина столбови. Нозете не ја држеа веќе.

6. Стави нешто во определена положба или состојба. Ја држеше пушката свртена кон мене. Луѓето ги држеа главите наведени. Раката ја држеше под нејзината глава.

7. Принуди некого на определена положба или состојба. Го држеле две недели во притвор. Ја држат затворена во собата.

8. Одржува некого или нешто во определена состојба. Власта го држеше народот во заблуда. Го држи гладен. Постојано држам чисто и средено.

9. Одржува или создава определена состојба и сл. Играчите го држеа истото темпо и во второто полувреме. Стариот држеше оган цела ноќ. Ќе држиме отстапница до стемнување. Ова палто држи топло. Крушата им држеше сенка на околните лози.

10. Се наоѓа во определена врска, однос или контакт со некого. Тој држеше врска со одредот. 1Се простира, опфаќа нешто. Неговиот имот држеше од ридот па сѐ до реката. 12. Задржува, спречува некого да напушти определено место. Дождот цел ден нѐ држеше дома. Работата го држеше во градот. 13. Останува верен, доследен на некого или нешто. Тој држи до своето мислење. Не држат многу до старите обичаи. 14. Се наоѓа на страната на некого. При секоја кавга баба му ја држеше неговата страна. 15. Има можност, способност да направи нешто. Плачеше до колку што ѝ држеше гласот. Се расписка колку што ја држи грло. 16. Во посебни изрази. Редовно ги држеа божиќните пости. На мостот некој држеше говор. 17. (прен.) Поткрепува, поддржува некого. Некој моќник го држи на раководното место.

Коњугација: држаа , држав , држал , држан, држат , држеа , држев , држејќи , држел , држен , држете , држи .

Изведени зборови:

  • држење, глаг. им. ср.
  • се ~ држи, 1. Се фати за некого или нешто. Се држеше за гривата од коњот. Таа се држеше за главата и офкаше. Двете деца се држеа за раце. 2. Се потпира на нешто. Малите јагниња одвај се држеа на нозете. 3. Се одржува во определена состојба. Држете се на мразот. 4. Се придржува кон нешто. Јас се држев за вистината. 5. Издржува, не се дава, не попушта. Тој се држи и покрај годините. Востаниците се држеа до последниот куршум. Врбата се држеше на половина корен. 6. Се однесува на определен начин. Се држи настрана од нас. Се држеше како вистински домаќин. 7. Се движи во определен правец следејќи нешто. Држете се за вчерашната дира. 8. Се наоѓа во добри односи со некого. Луѓето од селото се држеа меѓу себе.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако му држи – ако смее, ако има храброст. Го држи настрана – не му дава можност да учествува во нешто. Држи до себе – внимава на своето достоинство. Држи лекција – поучува некого за нешто. Држи нечија страна – поддржува некого. Држи си го јазикот – не зборувај многу.

Оригинални податоци:

држи, држат; држи, држете; држев, држеа; држел; држен; држејќи; мин. св. држав, држаа; држал; држан несв. 1. Фати и не испушта некого или нешто во рацете или со нешто друго. Држи книга во рацете. Го држеше детето за рака. 2. Има власт, управа, контрола над нешто. Ја држеа управата на фабриката во свои раце. Држат заседа пред селото. 3. Има некого или нешто во своја служба, заради остварување некоја дејност и сл. Кројачот држеше двајца калфи. Селаните држеа овци и кози. Во дуќанот држи само златни прстени. 4. Чува, сместува некого или нешто на определено место. Парите ги држеше под перница. Ги држеа рипчињата во една тегла. 5. Потпира, крепи некого или нешто. Мостот го држеа десетина столбови. Нозете не ја држеа веќе. 6. Стави нешто во определена положба или состојба. Ја држеше пушката свртена кон мене. Луѓето ги држеа главите наведени. Раката ја држеше под нејзината глава. 7. Принуди некого на определена положба или состојба. Го држеле две недели во притвор. Ја држат затворена во собата. 8. Одржува некого или нешто во определена состојба. Власта го држеше народот во заблуда. Го држи гладен. Постојано држам чисто и средено. 9. Одржува или создава определена состојба и сл. Играчите го држеа истото темпо и во второто полувреме. Стариот држеше оган цела ноќ. Ќе држиме отстапница до стемнување. Ова палто држи топло. Крушата им држеше сенка на околните лози. 10. Се наоѓа во определена врска, однос или контакт со некого. Тој држеше врска со одредот. 11. Се простира, опфаќа нешто. Неговиот имот држеше од ридот па сѐ до реката. 12. Задржува, спречува некого да напушти определено место. Дождот цел ден нѐ држеше дома. Работата го држеше во градот. 13. Останува верен, доследен на некого или нешто. Тој држи до своето мислење. Не држат многу до старите обичаи. 14. Се наоѓа на страната на некого. При секоја кавга баба му ја држеше неговата страна. 15. Има можност, способност да направи нешто. Плачеше до колку што ѝ држеше гласот. Се расписка колку што ја држи грло. 16. Во посебни изрази. Редовно ги држеа божиќните пости. На мостот некој држеше говор. 17. (прен.) Поткрепува, поддржува некого. Некој моќник го држи на раководното место. ● се ~ 1. Се фати за некого или нешто. Се држеше за гривата од коњот. Таа се држеше за главата и офкаше. Двете деца се држеа за раце. 2. Се потпира на нешто. Малите јагниња одвај се држеа на нозете. 3. Се одржува во определена состојба. Држете се на мразот. 4. Се придржува кон нешто. Јас се држев за вистината. 5. Издржува, не се дава, не попушта. Тој се држи и покрај годините. Востаниците се држеа до последниот куршум. Врбата се држеше на половина корен. 6. Се однесува на определен начин. Се држи настрана од нас. Се држеше како вистински домаќин. 7. Се движи во определен правец следејќи нешто. Држете се за вчерашната дира. 8. Се наоѓа во добри односи со некого. Луѓето од селото се држеа меѓу себе. ◊ Ако му држи – ако смее, ако има храброст. Го држи настрана – не му дава можност да учествува во нешто. Држи до себе – внимава на своето достоинство. Држи лекција – поучува некого за нешто. Држи нечија страна – поддржува некого. Држи си го јазикот – не зборувај многу. ǁ глаг. им. држење ср.