дует

Именка, машки род

Музика.

Значење на дует:

1. Музичка композиција напишана за два гласа (обично машки и женски) или за два инструмента. Го отсвиривме заеднички првиот дует.

2. Вокална или инструментална група составена од два члена. Сака да пее во дует.

Множина: дуети.

Оригинални податоци:

дует, мн. дуети м. (муз.) 1. Музичка композиција напишана за два гласа (обично машки и женски) или за два инструмента. Го отсвиривме заеднички првиот дует. 2. Вокална или инструментална група составена од два члена. Сака да пее во дует.