дух
Значење на дух:
1. Психички способности – свест, мислење, способност за спознание.
2. Општа психичка состојба, морална сила. Здрав дух. Ведар дух.
3. (само едн., прен.) Основна суштина, содржина, вистинска смисла на нешто. Во духот на законот. Во духот на демократското општество. Во духот на усвоените решенија. Духот на романот.
4. (рел.) а) Бестелесно натприродно суштество. Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. б) душа 2. Неговиот дух е секогаш со нас.
Множина: духови.
Оригинални податоци:
дух, мн. духови м. 1. Психички способности – свест, мислење, способност за спознание. 2. Општа психичка состојба, морална сила. Здрав дух. Ведар дух. 3. (само едн., прен.) Основна суштина, содржина, вистинска смисла на нешто. Во духот на законот. Во духот на демократското општество. Во духот на усвоените решенија. Духот на романот. 4. (рел.) а) Бестелесно натприродно суштество. Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. б) сп. душа 2. Неговиот дух е секогаш со нас.