духовит
Значење на духовит:
1. Што умее да забавува, да засмејува, што има смисла за хумор. Од него нема подуховит човек. Духовита досетка. Духовити зборови.
2. Што има дух, што е израз на силен дух, на големи духовни способности. Духовита мисла. Духовито решение. Духовит пресврт.
Членувана форма: духовитиот.
Изведени зборови:
- духовито, прил. На духовит начин, со дух. Тој многу духовито ги претставуваше своите гости.
- духовитост, и. ж.
Оригинални податоци:
духовит, духовитиот прид. 1. Што умее да забавува, да засмејува, што има смисла за хумор. Од него нема подуховит човек. Духовита досетка. Духовити зборови. 2. Што има дух, што е израз на силен дух, на големи духовни способности. Духовита мисла. Духовито решение. Духовит пресврт. ǁ духовито прил. На духовит начин, со дух. Тој многу духовито ги претставуваше своите гости. ǁ духовитост ж.