дуќан
Значење на дуќан:
1. Мала, занаетчиска работилница што служи и како продавница за сопствените производи. Стариот кондураџиски дуќан сѐ уште работи. Држи терзиски дуќан.
2. Продавница. Имаше дуќан со железарија. Трговски дуќани.
Множина: дуќани.
Изведени зборови:
- дуќански, прид. дуќанскиот
- дуќанче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
дуќан, мн. дуќани м. 1. Мала, занаетчиска работилница што служи и како продавница за сопствените производи. Стариот кондураџиски дуќан сѐ уште работи. Држи терзиски дуќан. 2. Продавница. Имаше дуќан со железарија. Трговски дуќани. ǁ дуќанче, мн. дуќанчиња ср. дем. ǁ дуќански, дуќанскиот прид.