дупи
Значење на дупи:
1. Прави, отвора дупка во нешто. Го дупеа ѕидот со клинец. По вторпат ги дупев ушите.
2. (разг.) Работи со игла; шие, везе. Везден дупи со иглата. Си ги дупеше прстите цела зима.
3. Глочка, набива. Рогузината ме дупеше и не можев да заспијам. Самарот го дупел коњот и му направил рана.
4. Подбуцнува добиток за да се движи побрзо; подбуцнува некого да направи нешто. Го преметна огламникот преку самар и почна да го дупи магарето со прачката. Си го тераше тромото магаре, дупејќи го во вратот. Го дупеше момчето со лактот за да стане.
5. (прен.) Подбуцнува, гиба, задева некого. Почнал ѓаволот да те дупи, детуле.
6. (прен.) Прободува, убива. Каурската пушка навистина дупи. Него куршум не го дупи.
7. (прен.) Нервира, предизвикува, пречи. Парчето земја им ги дупеше очите на соседите.
8. (разг.) Како поттик – бегај, трчај, терај. Сега, дупи за назад. Дупи само напред и молчи.
9. (жарг.) За сексуален однос.
Коњугација: дупат.
Изведени зборови:
- дупење, глаг. им. ср. дупење, PLUR_дупења Од честите дупења со иглата ѝ се разрани прстот.
- се ~ дупи, 1. Се подбуцнуваат заемно, меѓу себе. Жените во публиката се дупеа една со друга и се кикотеа. 2. (разг.) Се подбива со некого. Сите се дупат со него. 3. (жарг.) Има сексуален однос.
Оригинални податоци:
дупи, дупат несв. 1. Прави, отвора дупка во нешто. Го дупеа ѕидот со клинец. По вторпат ги дупев ушите. 2. (разг.) Работи со игла; шие, везе. Везден дупи со иглата. Си ги дупеше прстите цела зима. 3. Глочка, набива. Рогузината ме дупеше и не можев да заспијам. Самарот го дупел коњот и му направил рана. 4. Подбуцнува добиток за да се движи побрзо; подбуцнува некого да направи нешто. Го преметна огламникот преку самар и почна да го дупи магарето со прачката. Си го тераше тромото магаре, дупејќи го во вратот. Го дупеше момчето со лактот за да стане. 5. (прен.) Подбуцнува, гиба, задева некого. Почнал ѓаволот да те дупи, детуле. 6. (прен.) Прободува, убива. Каурската пушка навистина дупи. Него куршум не го дупи. 7. (прен.) Нервира, предизвикува, пречи. Парчето земја им ги дупеше очите на соседите. 8. (разг.) Како поттик – бегај, трчај, терај. Сега, дупи за назад. Дупи само напред и молчи. 9. (жарг.) За сексуален однос. ● се ~ 1. Се подбуцнуваат заемно, меѓу себе. Жените во публиката се дупеа една со друга и се кикотеа. 2. (разг.) Се подбива со некого. Сите се дупат со него. 3. (жарг.) Има сексуален однос. ǁ глаг. им. дупење, мн. дупења ср. Од честите дупења со иглата ѝ се разрани прстот.