дупка
Значење на дупка:
1. Отвор во нешто или низ нешто. Дупка во ѕидот. Дупка на ракавот.
2. Длабнатина, јама во земјата или на тврда почва (на пат и сл.). Ископал неколку дупки за дрвца. Мечкина дупка. Патот е сиот дупки.
3. (прен.) а) Тесно, бедно живеалиште. б) Неудобно, неугледно место за забава, за одмор и сл. Од каде тој да пее во оваа дупка? 4. Празнина кон или во внатрешноста на организмот. Очни дупки. Носни дупки.
4. (прен., разг.) Празнина, недостиг во некоја целина, во некој распоред, систем. Имаме дупка во распоредот на часовите. Не можеме сите дупки да ги затнеме со вакви плати.
5. (прен., разг.) Гроб. Попот треба да го испрати до дупка. Ги погребавме сите во една дупка.
Множина: дупки.
Изведени зборови:
- дупкиште, и. ср. аугм.
- дупче, и. ср. мн. дупчиња ; дупченце, мн. дупченца ; дупчуле, мн. дупчулиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од лулка до дупка – од раѓање до смртта. И на ѓаволот дупката ја знае – знае сѐ и сешто. Кој копа дупка на друг, сам ќе падне во неа (посл.).
Оригинални податоци:
дупка, мн. дупки ж. 1. Отвор во нешто или низ нешто. Дупка во ѕидот. Дупка на ракавот. 2. Длабнатина, јама во земјата или на тврда почва (на пат и сл.). Ископал неколку дупки за дрвца. Мечкина дупка. Патот е сиот дупки. 3. (прен.) а) Тесно, бедно живеалиште. б) Неудобно, неугледно место за забава, за одмор и сл. Од каде тој да пее во оваа дупка? 4. Празнина кон или во внатрешноста на организмот. Очни дупки. Носни дупки. 5. (прен., разг.) Празнина, недостиг во некоја целина, во некој распоред, систем. Имаме дупка во распоредот на часовите. Не можеме сите дупки да ги затнеме со вакви плати. 6. (прен., разг.) Гроб. Попот треба да го испрати до дупка. Ги погребавме сите во една дупка. ◊ Од лулка до дупка – од раѓање до смртта. И на ѓаволот дупката ја знае – знае сѐ и сешто. Кој копа дупка на друг, сам ќе падне во неа (посл.). ǁ дупкиште, мн. дупкишта ср. аугм. ǁ дупче, мн. дупчиња ср.; дупченце, мн. дупченца ср.; дупчуле, мн. дупчулиња ср. дем.