душа
Значење на душа:
1. Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот; дух 2. Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото.
2. Човек, член на семејство, жител. Во едно семејство живееле по триесетина души. Во селото одвај останале стотина души.
3. (прен.) Тој што е главен двигател во нешто. Душа на организацијата. Душа на колективот.
Множина: души.
Изведени зборови:
- душица, и. ж. мн. душици ; душичка, мн. душички дем.
- душиче, и. ср. хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крстена душа – православен човек, христијанин. Продадена душа – човек што може сѐ да направи за пари. Бере душа – на умирачка е. Вади душа – мачи, малтретира некого. Греши душа – прави грев. Душа дава (за некого) – многу сака некого или нешто. Даде душа – умре. Земе душа 1. Се почине, се одмори по извесен напор. 2. Убие. Душата (му) дојде во носот – многу се измачи поради нешто. Душата му излезе – умре. Има душа – има милост, сожалување. Испушти душа – умре. Ја отвори душата – кажа нешто, се исповеда. Земе на душа – без вина обвини, унесреќи, упропасти некого. Колку (ти) душа сака – сѐ што сакаш. Без душа – одвај, со сила. Со душа – со нетрпение. Со душа чекам да дојде. За душа – за бог да го прости. Рани душа да те слуша – да се биде здрав, треба добро да се храниме. Жими душа (заколнување).
Оригинални податоци:
душа, мн. души ж. 1. Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот; сп. дух 1. 2. Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото. 3. Човек, член на семејство, жител. Во едно семејство живееле по триесетина души. Во селото одвај останале стотина души. 4. (прен.) Тој што е главен двигател во нешто. Душа на организацијата. Душа на колективот. ◊ Крстена душа – православен човек, христијанин. Продадена душа – човек што може сѐ да направи за пари. Бере душа – на умирачка е. Вади душа – мачи, малтретира некого. Греши душа – прави грев. Душа дава (за некого) – многу сака некого или нешто. Даде душа – умре. Земе душа 1. Се почине, се одмори по извесен напор. 2. Убие. Душата (му) дојде во носот – многу се измачи поради нешто. Душата му излезе – умре. Има душа – има милост, сожалување. Испушти душа – умре. Ја отвори душата – кажа нешто, се исповеда. Земе на душа – без вина обвини, унесреќи, упропасти некого. Колку (ти) душа сака – сѐ што сакаш. Без душа – одвај, со сила. Со душа – со нетрпение. Со душа чекам да дојде. За душа – за бог да го прости. Рани душа да те слуша – да се биде здрав, треба добро да се храниме. Жими душа (заколнување). ǁ душица, мн. душици ж.; душичка, мн. душички ж. дем. ǁ душиче, мн. душичиња ср. хип.